Свежо исцеден сок од портокал е исклучително значаен дел од здравата исхрана. Сепак, за свежо исцедениот сок да не наштети на вашето здравје, имајте на ум неколку работи. Првин, нутриционистите веруваат дека свежиот сок не треба да се пие на празен стомак – ги иритира мукозните мембрани на устата, а честото консумирање може да предизвика гастритис. За да спречите свежиот сок од портокал да го иритира стомакот, нутриционистите препорачуваат мешање на сокот со чиста флаширана вода во сооднос еден према три. Сокот не треба да се меша со метална лажица, бидејќи металот го уништува витаминот Ц.

Опасен е и за забите – шеќерите и киселините, кои се наоѓаат во сокот, полека, но сигурно ја уништуваат забната глеѓ. Сокот треба да се конзумира со сламка, за киселината да не ја оштетува забната глеѓ. Затоа  стоматолозите препорачуваат по сокот испирање на устата со топла вода. Свежите сокови не треба да се филтрираат бидејќи пулпата содржи најголемо количество хранливи материи. /М.М.

You may also like

Comments are closed.