Научниците од Универзитетот Yonsei во Јужна Кореја го создадоа она што тие веруваат дека е одржлива, високо-протеинска храна во форма на „говедски ориз“, направена со одгледување кравји клетки во зрната ориз. Хибридниот, „говедски ориз“ се прави со мускулни и масни клетки од крава во зрно ориз. Овој хибриден производ има повеќе протеини и масти од обичниот ориз, со низок јаглероден отпечаток , што ги натера неговите креатори да го гледаат како потенцијална идна алтернатива на месо.
Иако говедскиот ориз може да звучи како вид на генетски модифицирана храна, нема промена во ДНК на растенијата или животните. Наместо тоа, овој процес претставува еден вид лабораториски одгледувано месо, но со говедско месо кое расте внатре во оризот.
Нутритивната добивка за говедскиот ориз моментално е мала, но истражувачите од Универзитетот тврдат дека со натамошна оптимизација, може да се додадат повеќе клетки, а со тоа и повеќе протеини. „Иако хибридните зрна од ориз сè уште имаат помала содржина на протеини од говедското месо, напредокот во технологијата што може да го подобри капацитетот на оризовите клетки несомнено ќе ја подобри хранливата содржина на хибридниот ориз“, велат истражувачите.
Научниците исто така веруваат дека производот може евтино да се комерцијализира и поради кусото време потребно за да се подобри исхраната преку одгледување. Додека говедското месо обично се одгледува една до три години, а оризот од 95 до 250 дена, тие тврдат дека нивниот процес на клеточна култура трае помалку од 10 дена.
Ако хибридното зрно се комерцијализира, се очекува да има низок јаглероден отпечаток, слично на одгледувањето обичен ориз, бидејќи нема да бара одгледување на многу животни. Иако за процесот се користат матични клетки, тие можат да се репродуцираат на неодредено време и не бараат колење животни. Вкусот може да биде проблем за некои; процесот на клеточна култура ја менува текстурата и мирисот на оризот, правејќи го поцврст и покршлив и внесувајќи ароми поврзани со говедско месо. Сепак, истражувачот Jinkee Hong изјави за Gardijan дека производот е „вкусен и нов“.
Тимот планира да продолжи со истражување и да работи на зголемување на хранливата вредност на хибридниот ориз, преку стимулирање на растот на клетките. Имено, создадени се уште три концептни производи кои, слично на говедскиот ориз, комбинираат лабораториски одгледувано месо со зеленчук, нарекувајќи ги Broccopork, Mushchicken и Peaf.
фото: Yonsei University

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.