ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за

програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2023

Оваа година ќе се одржи 19-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и  креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Овогодинешното  издание на  “БЕЛА НОЌ“ ќе се одржи во првиот викенд на месец октомври 2023 на повеќе централни локации низ градот Скопје.

За подетални информации за Јавниот повик: Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 (Зграда на Библиотека Браќа Миладиновци)

http://univerzalna.com.mk/belanok,

belanok@univerzalna.com.mk   или на телефонскиот број 02 32 45 615

ЈУ Универзална сала – Скопје

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.