Најскапата торба на светот има за цел да ја подигне свеста за потребата од заштита на нашето природно опкружување. Имено, речиси осум милиони тони пластика завршуваат секоја година во океаните, што е  80 проценти од морскиот отпад, претставувајќи закана на површините на водите, но и на длабоките седименти. Морските видови го јадат, влегуваат или се собираат во пластичниот отпад, што доведува до нивна повреда или смрт. Проблемот со вакви димензии неможе брзо да се реши и бара големи инвестиции и напори.

Една од инвестициите што може да направи придонес  е луксузната торба Boarini Milanesi, која чини седум милиони долари.

Најскапата торба на светот има за цел да ја подигне свеста за потребата од заштита на нашето природно опкружување. Италијанскиот бренд Boarini Milanesi ја лансира оваа торба и планира да донира 800.000 евра од продажбата на секоја од нив, на институциите чија главна мисија е посветена на отстранување пластика од океанот.

Ултра-ексклузивната торба е создадена од материјали што до одреден степен ја оправдуваат цената од седум милиони долари. Горната рачка е изработена од алигаторска кожа, а украсена е со 10 пеперутки од бело злато, украсени со сафири, дијаманти и тураминали Параиба. Торбите кои дефинитивно се плод на љубовта бараат повеќе од 1.000 часа работа за да се создадат, па затоа се претставени како ограничено издание од само три парчиња. /M.M.

You may also like

Comments are closed.