Втората сезона на Скопскиот моден фестивал ќе се одвива десет дена на нова локација во Скопје Сити Мол, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон за претставување на колекциите на учесниците.
„Can you feel the light?“ e слоганот под кој на почетокот од ноември ќе почне второто издание на Скопскиот моден фестивал, наменет за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Скопски моден фестивал свечено ќе се отвори со коктел гала и музички спектакл. Првите три вечери се резервирани за модни ревии и перформанси, кои се закажани на 03.11 (четврток), 04.11 (петок) и 05.11 (сабота). Два дена подоцна, на 07.11 (понеделник), во ексклузивниот изложбен салон на првиот кат ќе може да се погледнат, одберат или нарачаат оригиналните креации на учесниците на фестивалот.


„Она што стихиски бликна како искра надеж на модната сцена минатата пролет, овојпат се снопови светлина, коишто во ноевмри ќе блеснат во полн спектар пред гостите на фестивалот – истакнува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.
Настанот е во организација и продукција на MAX Management Inc.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.