Новите сателитски снимки го откриваат подемот на мега-проектот Neom на Саудиска Арабија, вреден 500 милијарди долари. Впечатливите слики од воздух го доловуваат напредокот на градот The Line, вклучувајќи го и поставувањето на канцеларии и кампови за инженерскиот тим и за работниците. Обемните ископувањата на овој огромен проект веќе се започнати.
Извршниот директор на The Line, Giles Pendleton, рече дека изградбата напредува брзо на еден од најважните нови урбани случувања во Neom. „Работата е веќе доста напредната на инфраструктурата за поддршка на The Line, со светски познати архитекти кои ги дизајнираа почетните делови, како и вертикалните простори за првите жители“, изјави Pendleton за The National.
Според престолонаследникот Mohammed bin Salman 170-километарскиот крајбрежен појас во северозападниот дел на земјата ќе биде без автомобили и улици и ќе има нула емисија на јаглерод. Паметниот град целосно ќе се напојува со чиста енергија, што е голем чекор во оддалечувањето на Саудиска Арабија од економијата базирана на нафта.
Идниот град ќе биде дом на девет милиони луѓе, кои ќе живеат во меѓусебно поврзани простори, управувани од вештачка интелигенција, дизајнирана да коегзистираат со природата.
Соочувајќи се со сообраќајот, загадувањето и инфраструктурните предизвици кои го засенуваат урбаниот живот во конвенционалните градови, овој футуристички развој ќе даде приоритет на проодноста, чистата енергија и технологијата за да се создаде нов начин на живеење.
Според извршниот директор на Neom, Nadhmi Al Nasr, фазата на планирање на Neom била успешно реализирана и дека работата постојано напредува.
Проектот Neom е водечки на Саудиска Арабија, на брегот на Црвеното Море. Тоа е централен проект во Визијата за 2030 година, кој ги прикажува плановите на кралството за диверзификација на економијата. Развојот од 500 милијарди долари ќе вклучува паметни градови, пристаништа и области на претпријатија, истражувачки центри, спортски и забавни места и туристички центри. Плановите вклучуваат мрежа на аеродроми, вклучително и меѓународен. Првиот, наречен аеродром Неом Беј во северниот регион Шарма е отворен лани и има редовни летови за инвеститорите и вработените./М.М. https://www.neom.com/en-us/regions/theline

You may also like

Comments are closed.