Владата на Саудиска Арабија ги претстави визуелните слики на идниот град наречен The Line, кој ќе биде изграден во близина на Црвеното Море, како дел од проектот Neom.

Предвидено да се протега на 170 километри низ северозападна Саудиска Арабија, како мегаструктурата, која ќе има огледала на фасадите, ќе биде висока 500, а широка 200 метри.

Планиран како дел од развојот на Neom, The Line е дизајниран да стане драматична алтернатива на традиционалните градови кои обично имаат централна точка.
Според престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, The Line треба да биде во знакот на цивилизациска револуција која ги става луѓето на прво место врз основа на радикални промени во урбаното планирање. Дизајните за вертикално слоевити заедници во градот ќе создадат модел за зачувување на природата и на животната средина.

Со 500 метри височина, двете линеарни структури ќе станет 12-та највисока зграда во светот, но и убедливо најдолга.
Структурата, која е дизајнирана да смести девет милиони жители кога ќе биде завршена, ќе содржи станбени, малопродажни и рекреативни области, како и училишта и паркови.
Различните функции ќе бидат наредени во аранжман опишан од креаторите на градот како урбанизам со нулта гравитација.
Визуелните слики, објавени во магазинот Дизајн, покажуваат паркови поставени помеѓу двата линеарни блока, кои ќе бидат поврзани со повеќе мостови и на врвот со повеќе зелени површини.

Од владата на Саудиска Арабија истакнуваат дека радот ќе има фасада од надворешни огледала за уникатен карактер , но и за да овозможи малиот отпечаток да се спои со природата, додека внатрешноста ќе биде изградена за да создаде извонредни искуства и магични моменти.
Транспортниот систем е без автомобили, ќе се протега по должината на мегаструктурата ќе биде дизајниран да ги поврзе двата краја на градот во рок од 20 минути. Според владата на Саудиска Арабија, структурата целосно ќе се напојува со обновлива енергија и е дизајнирана како одржлива алтернатива на традиционалните градови.
Не можеме да ги игнорираме животните и еколошките кризи со кои се соочуваат градовите во нашиот свет, а Neom ќе биде лидер на нови и имагинативни решенија, вели Бин Салман. „ Neom е проект воден од тим од најдобри умови во архитектурата, инженерството и градежништвото за да ја направи реалност идејата за напредно градење.
The Line, за првпат промовиран како идеја минатата година, е дел од иницијативата Neom, за визијата на Саудиска Арабија 2030, што подразбира диверзифицира на економија и помала зависност од нафтата./М.М.

You may also like

Comments are closed.