Дневната соба со новата, овална софа, со камин, со софистицирани фотељи – сето изгледа многу рафинирано, токму како што се предлага за годинава.

Долгиот престој дома, поради локдаунот, веројатно влијеше врз зголемувањето на интересот за купување мебел. Интернет продавниците се посетуваат и по неколку пати, за да се дефинира саканиот изглед на домот, кој, во последнава година во многу случаи стана и канцеларија. Овалната софа така привлекува внимание уште од средината на минатата година. Сосема разбирливо и зошто: дневната соба со новата, овална софа изгледа многу рафинирано, токму како што се предлага за годинава.

Имено, според Ребека Бреслин, виш директор за дизајн во Wayfair Professional, овие дизајни еволуирале од арт деко форми и дезени. Модерните  парчиња мебел со овални рабови нудат помека, релаксирана атмосфера, со префинет, архитектонски дизајн, вели Бреслин. Трендот е со париски  предзнак, каде што уметноста го исполнува дизајнот со чисти линии, со светлосно неутрални и меки карактеристики./М.М.

You may also like

Comments are closed.