Лондонскиот Victoria and Albert Museum  својата прва изложба по пандемиското заклучување ја посвети на ултимативниот додаток – торбата. Изложбата ја истражува долгогодишната фасцинација со торбите, дизајнерските чанти и ранците, вклучувајќи ги сите модели на Mulberry, Karl Lagerfeld, Hermès, Off-White, Dior, Chanel, Fendi, Versace и  Stella McCartney.

Bags: Inside Out, како што е насловена изложбата, се надоврзува на претходните изложби на V&A, посветени на модните додатоци и има за цел да го открие, според организаторите „извонредниот и разновиден опсег на глобалната колекција на V&A, заедно со колекционерските примероци, за глобалната опсесија и трајните односи на овој, врвен моден додаток„.

Тематската изложба ги истражува функциите, статусот, занаетчиството и светското наследство на торбите преку  истражување на скоро 300 видови предмети со различен обем, од мали чанти што се држат на прст, до луксузни патни торби, од 16 век до денес, од целиот свет, од Англија во времето на Елизабета до тогашна Кина.

На изложбата можат да се видат првата Birkin bag на Hermès, потоа чантата што и припаѓаше на Margaret Thatcher, како и Mulberry ‘Alexa’, на Alexa Chalk која ја одигра клучната улога во заживувањето на‘It Bag’ и брзо стана една од најбараните торби за една генерација.

Може да се види и виолетовата Fendi baguette од серијата „Сексот и градот“.

За да се создаде класична торба потребна е препознатлива форма и исклучително внимание на деталите. Fendi Baguette така треба безбедно да се носи под раката, како и францускиот леб од кој го има земено името. „Создадена е во 1997 година и беше најавена како прва глобална торба„ It “, според извештаите е со околу 600.000 продадени примероци, во првите 10 години од лансирањето.  Свој придонес има и Carrie Bradshaw која во една од епизодите на Сексот и градот, кога е ограбена, револтирано извикува дека нејзината виолетова Fendi не е само торба:” Таа е Baguette! “

Bags: Inside Out  ги истражува и трендовите во кои одредени чанти останаа пожелни низ децении, а посакувани се и сега, исто како и кога првпат се појавија на полиците.

Принцезата Грејс ја држи раката на нејзината ќерка, принцезата Каролина, за време на шопинг. Грејс ја носеше торба Хермес Кели именувана во нејзина чест во 1958 година. Трендсетерките како Грејс Кели и Жаклин Кенеди ги видоа нивните омилени чанти преименувани во нивна чест, во 50-тите и 60-тите. Потоа се појави феноменот bag It’ од доцните 1990-ти и раните 2000-ти, кога одредени чанти станаа врвни симболи на видлива потрошувачка./М.М.

You may also like

Comments are closed.