Култура на живеењеММ кујна

Предлог за појадок ЧИА ПУДИНГ – брз, лесен и здрав оброк

Ви препорачуваме  вкусен чиа пудинг со чиа семе, овесни снегулки, јагоди и киви, кој е многу вкусен, здрав и хранлив оброк

Чиа пудингот е богат извор на протеини, омега-3 масни киселини, антиоксиданти, витамини и минерали. 

Потребни состојки:

  • 250 мл ладно млеко (оризово, соја, кокосово, бадемово, кравјо)
  • 4 лажици чиа семе
  • 1 лажица мед
  • 2 лажица овесни снегулки
  • 1 киви
  • 2-3 јагоди
  • неколку боровинки

Подготовка:

Ставете го чиа семето, овесните снегулки  и исецканото овошје во длабок сад или чаша. Прелијте ги состојките со млекото кое е измешано со медот. Покријте го садот и ставете го во фрижидер, по можност преку ноќ. Украсете го пудингот со овошје одозгора. Добар апетит!

 

 

You may also like

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *