Мода вестиНасловна

Моден перформанс во Штип: Поглед кон иднината на текстилната индустрија

Во домот за Млади во Штип, на 24. октомври 2020 година, се одржа модниот перформанс наречен “Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација”. Модната ревија – перформансот е дел од ИПА проектот на погранична програма Бугарија – Северна Македонија, а организатори на настанот се: Текстилното Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден.

На капсулните колекции, направени од текстилен отпад , претставени на перформансот, работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево) и студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” (Штип). Посетителите на модниот перформанс имаа можност да погледнат и изложба на модни скици, инспирирани од “Современата текстилна индустрија“, изработени од учениците од текстилните училишта.

Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, има потенцијал за раст на млади, иновативни создавачи. Целта на модниот перформанс на кој му претходеше посета на текстилните производствени капацитети беше воспоставување на соработка помеѓу образованието и бизнис секторот во насока на привлекување на младите по школувањето да останат и бидат дел од текстилната индустрија.
Според изјавата на Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер, низ стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, развиени се модели кои покажуваат дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор.
Настанот го поддржаа Домот за Млади од Штип, музичкиот дует “Марија и Горан” и винаријата „Тиквеш“. За шминката на манекенките се погрижи „Farmasi“ во соработка со Школата за убавина Арт, а за фризурите „Студио Кат Кат од Штип“.
Фотографиите од настанот се презентирани на сајтот на организаторите на настанот.

 

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %