Елегантни сетови, кежуал пижами и идеални идеи за подарок
Колекцијата опфаќа lingerie (чипкести и сензуални модели), ноќни комплети, кежуал пижами и топли плетени парчиња – сите внимателно дизајнирани за едновремено да понудат елеганција и топлина. Материјалите се разновидни: Intimissimi користи комбинација од свила, кашмир, viscose, modal и други ткаенини кои се пријатни на допир, а нудат и доволна издржливост. Палетата на бои е во празничен, но естетски умерен тон: вклучува класична црвена, нијанси на беж, бургунди, темно сина („peacock blue“) и металик акценти. За сезоната, Intimissimi нуди и сетови кои се совршени за подароци: секоја линија е дизајнирана така што може да се комбинира за подарок, со опции за „gift wrap“ и совети за избор според определен буџет. Купувањето се олеснува со продолжено право на враќање на нарачаното.Според медиумите, симболиката на колекцијата „Share the Gift of Beauty“ ја истакнува пораката дека подарувањето на Intimissimi ја покажува и грижата кон себе или кон блиските./М.М.
Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.