Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на декември со секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти.

Така, во понеделник (13.12.2021), со почеток од 18:00 часот, во центарот на Ист Гејт се палат светилките на 12-метарската елка, со што празничните настани официјално започнуваат. Следи големо музичко и слатко изненадување, насловено како „Осветлување на Новогодишната елка во Ист Гејт Мол“. Секој посетител ќе може да ужива со Дедо Мраз, како и со Sarah Mace & The Christmas Girls, кои заеднички ќе ја осветлат пријатната зимска атмосфера во молот.

Ексклузивна продажба – Design Gate е планирана за период од 15.-20.12.2021, а уникатниот „Unview the new – by BMW“ настан на 25.12.2021година.

Сите слушатели на добрата музика и посетителите во молот ќе продолжи да ги забавува City Radio со студиото во живо во Ист Гејт Мол. Низ шопинг коридорите веќе може да се ужива и во изложбата ,,Изгледаш прекрасно денес” во организација на Europe House и Европска Комисија, која што ќе биде изложена до 10-ти јануари.

Со нетрпение исто така се очекуваат и останатите празнични настани во Ист Гејт Мол, како што се „Празничната и магична GLAM ревија“ на 16.12.2021 со почеток во 17:00 часот, „Музички танцов фестивал“ за сите дечиња како најмлади посетители на молот, на 18.12.2021 со почеток во 13:00 часот, „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“ на 23.12.2021 со почеток во 17:00 часот, „Wine & Dine Фестивал“ од 23.-25.12.2021, како и најавениот „Регионален Саем за туризам“ од 17.-18.12.2021 и Полифонија (детски хор), музичка платформа на млади уметници на 19.12.2021 од 12:00 часот и на 30.12.2021 со почеток од 17:00 часот.

Празничната магија е во Ист Гејт Мол – Ти си центар.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.