Летната колекција на Mango исчезнува од продавниците, а парчињата инспирирани од модната икона Хејли Бибер предизвикаа вистинска шопинг-треска
Модната сцена доби нов летен хит откако манекенката и основачка на брендот Rhode, Хејли Бибер, беше претставена како заштитно лице на летната колекција на Mango. Колекцијата, инспирирана од нејзиниот препознатлив минималистички и урбан стил, за само неколку дена предизвика огромен интерес кај љубителите на модата, а дел од моделите се веќе и распродадени.
Во понудата доминираат парчиња што одамна се заштитен знак на стилот на Бибер – микро шорцеви комбинирани со предимензионирани јакни, впечатливи црни мини-фустани и елегантни кроеви со лежерна софистицираност.
Колекцијата вклучува и впечатливи вечерни решенија, меѓу кои се издвојува „малиот црн фустан“ со халтер-деколте, дополнет со металик асесоари, како и мини-фустан со отворен грб надополнет со впечатлива велур-чанта во виолетова нијанса.
Со цени што започнуваат од само 23 долари, колекцијата нуди пристапност и можност за секојдневен стил со потпис на влијателнa моднa личност. Модните експерти оценуваат дека токму спојот меѓу едноставноста, урбаната естетика и носливоста ја прави оваа колекција една од најпосакуваните летни модни приказни.
Фото: Mango

You may also like

Comments are closed.