Оние што имаат проблем со инекциите, а сакаат да стават филери, можат да здивнат – пенкалата со хијалуронска киселина, наскоро помасовно ќе се користат за подмладување на кожата и отстранување на брчките.

Со помош на специјалниот клип во апаратот, под притисок, брзо, но нежно, се вбризгува  хијалуронот во поткожното ткиво. Апсорбцијата е подобра отколку со игла, што е потврдено во голем број студии спроведени во различни земји во светот.

Во нашата земја со вакво пенкало-вбризгувач работат неколку козметички салони, а најавени се и обуки од АРТ, така што наскоро најверојатно нивниот број и ќе се зголеми./М.М.

You may also like

Comments are closed.