За својата најнова колекција, наменета за одмор за 2023 година, либанскиот дизајнер Zuhair Murad посочува дека е инспириран од нескротливата природа, прозрачната флора и идиличните пејзажи. Колекцијата е создадена во соработка со две сликарки од два краја на светот – американката со мексиканско потекло, Virginia Jaramillo и италијанката Carla Accardi.

Отпечаток на природата, како што Zuhair Murad ја нарекува својата колекција од осумдесетина парчиња, нуди две видувања на модната средба со идното лето: онаа колоритна, во која се гледа сликарското доживување, како и неговата еснафска виртуозност во која експресиите од 80-тите добиваат нов блесок.

Средбата на боите на летото, како отпечатокот на природата, со драмата на летните ноќи, во колекцијата подготвена за носење, нудат колку исто, толку и различно модно доживување. https://www.zuhairmurad.com/en/readytowear-resort-2023

Zuhair Murad, дизајнерот за кој се зборува од Париз до Њујорк, е роден и израснат во Либан, во 1971 година. Светската јавност го има запознаено пред две децении, на Париската недела на висока мода.
Истоимениот бренд е основан во 1997 година во Бејрут и Париз, а денес е присутен во над 100 земји ширум светот.

Неговите колекции ги поврзуваат со векови старите наследства и модерниот пристап, а едновремено се и во постојана потрага по оригинално ракотворство, гламур и удобност.
Перфекционизмот е исто така она на што инсистира Zuhair Murad, обидувајќи се да го спроведе во текот на сите фази на креирањето: од концептот до комплетирањето на дизајнот./М.М.

You may also like

Comments are closed.