Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение – Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, во петок, 15. декември, приреди изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.
Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата. Имено, под менторство на истакнати дизајнери, уметници и креативци кои помагаа во реализација на овој единствен проект, младите креативци имаа можност да ги прикажат резултатите од творењето во изминатите неколку месеци токму во рамките на изложбата. Овој проект беше финансиран од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). Инхерентните врски помеѓу културното наследство, образованието, земјоделството, дизајнот, занаетчиството и економијата се активираат во контекст на проектот. Зголемената свест за оваа меѓузависност ја поттикнува размената на различни вредности, знаења, вештини и компетенции, генерирајќи увид за сите вклучени, но и за еволуција на проектот.
Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност од страна на талентираните ученици под менторство на уметниците Викторија Митрева и Орхан Камилов. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот. Станува збор за иновации во рамките на овој проект, односно оризовата слама се претвора во вреден квалитетен производ – предиво од оризова слама и волна. Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто.
Различните активности во рамки на проектот за користење на оризовиот отпад се развиени со крајна цел за негова поширока релевантност. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 21 декември 2023 година.
FWSK & Македонско Модно Здружение
More in:Мода вести
Француска елеганција на голема сцена: Berluti ги претстави олимписките униформи
Berluti, модната куќа за машка облека, ги претстави олимписките униформи наменети за тимот на Франција, ...
Puma патиките стануваат компост
Puma најави проширување на својата експериментална програма и тна естирањето на биоразградливоста на нивните производи. ...
Dolce&Gabbana со импресивна изложба за Alta Moda
Во Palazzo Reale во Милано за прв пат се организира изложба насловена како “From the ...
Anne Hathaway и Cillian Murphy во новата кампања на Versace
Познатите фотографи Mert & Marcus се здружија со Versace за да ја доловат суштината на ...