Грижата за забите е нужна поради повеќе причини, а убавата насмевка што плени е само една од нив. Лошата орална хигиена може да предизвика многу компликации: од кариес, губење на забите, до болести на непцата, а секој од овие проблеми влијае врз здравјето на телото. Болеста на непцата пак, може негативно да влијае врз здравјето на срцето, а бактериите што предизвикуваат заболување на непцата можат да навлезат во крвотокот и да предизвикаат други реакции.

Стоматолозите препорачуваат четкање на забите најмалку два пати на ден со паста за заби со флуор, но редовното четкање можеби не е доволно за да се отстранат честичките од храна, наслагите и бактериите меѓу забите. Американската стоматолошка асоцијација (АДА) препорачува т.н интердентално чистење, а еден од ефективните начини е орален туш. Првиот орален туш бил дело на стоматолог од Колорадо. Во 1962 година, неговиот пациент, хидрауличен инженер, му помогнал да направи уред што користел млаз пулсирачка вода под притисок за темелно да ги исчисти честичките од храната, бактериите и наслагите помеѓу забите и под линијата на непцата.
Опцијата за орално туширање е ефикасна за отстранување на забниот плак, бактерии и нечистотии, длабоко меѓу забите и под линијата на непцата. Опцијата за хидромасажа ја стимулира циркулацијата во непцата и го подобрува нивното здравје.

Клинички е докажано дека оралниот туш е три пати поефективен од конецот или, дури пет пати поефективен, од самото четкање, кога се комбинира со четкање. Оралниот туш за заби и непца отстранува 99,99% од наслагите од третираното место за само три секунди, ја стимулира циркулацијата, а непцата се поздрави за само 14 дена. Наменет е за корисници со забни импланти, мостови, коронки и фурнири, како и за корисници со фиксни или други протези.
Се препорачува и разговор со стоматолог, за сите можности околу предлогот за употребата на оралниот туш./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.