Одлуката за изборот на боите, односно изборот токму на зелена, може делумно да се припише на влијанието на отворањето и на желбата за отворени простори, чиј симбол е токму зелената

Дизајнерите за мебел и додатоци, меѓу кои е и Breslin, предвидуваат дека годинава ќе биде во знакот на зелената и на нејзините нијанси – од смарагдно, до мов зелено.

За интересот за зелената боја говорат и податоците на ColorReader EZ, уредот за скенирање и точна усогласеност на боите. Lydia Fedos, контент маркетинг менаџер во DataColor, упатува на тон-тон комбинации на зелената, за нежно контрастни украси во богатата палета на нијанси  – од темно зелено, до небо зелено.

Одлуката за изборот на боите, односно изборот токму на зелена, може делумно да се припише на влијанието на отворањето и на желбата за отворени простори, чиј симбол е токму зелената. Elizabeth Sutton, позната по бестрашната употреба на боите и на чуден но, сепак, софистициран дизајн, ја гледа популарноста на оваа боја како резултат на нешто многу поголемо. „Кај луѓето годинава видов промена на ставот кон бојата. Луѓето многу повеќе сакаат да додадат боја во своите простори, што мислам дека е резултат на желбата за некоја позитивност во нивните животи “, вели таа. Освен зелената, тука се  и блиските, топли, неутрални бои кои, според Kate Lester, од Kate Lester of Interiors,  прават голем камбек годинава. Во моментов, во сите наши шеми за дизајн јас користам сè повеќе тонови и нијанси на рѓа, вели Lester./.М.М

You may also like

Comments are closed.