Креми за заштита од штетното влијание на сонцето, средства за чистење на лицето, балсами, креми и серуми за обновување на квалитетот на кожата се дел од најновата Equilibrium колекција на Нourglass. – Најновата колекција е промовинара од основачот на брендот, Carisa Janes:

https://www.hourglasscosmetics.com/pages/about-hourglass – Со Eye to Eye кампањата, сакавме да ја доловиме хуманоста во очите на животните, вели Carisa Janes, основач и директор на Hourglass.

Колекцијата Equilibrium има пет производи и е наменета за секојдневна употреба. Rebalancing Cream Cleanser е производ со избалансирана pH вредност, за одржување на виталноста и на младешкиот изглед. Restoring Essence е раствор во вид на тонер, кој содржи Hourglass Cell Balancing Complex™ и комбинира различни липиди, за обновување на бариерат на кожата. Intensive Hydrating Eye Balm е иновативна формула за мазна текстура што ја смирува областа под очите, намалувајќи ги темните кругови, по само три дена употреба. Day Fluid Sunscreen доаѓа со заштитен фактор 30, во многу лесна формула, за заштита на кожата од сите штетни влијанија. Колекцијата е комплетирана од Biomimetic Skin Active Serum – ноќен производ кој користи напреден ултрасоничен систем, за да им помогне на сите квалитетни состојки да навлезат во подлабоките слоеви на кожата.

До декември 2020 година, успешно ги преформулиравме нашите преостанати производи за да бидат целосно вегански и ја славиме оваа пресвртница со лансирањето на Confession ™ Red 0.

Red 0 ја симболизира нашата посветеност кон благосостојбата на животните и означува ново поглавје во нашата постојана посветеност на убавината без суровост.

Од неговото лансирање, во 2004 година, Hourglass е бренд без суровост, кој застана против тестирање на животни. Како дел од таа мисија, донираат 1% од годишниот профит од hourglasscosmetics.com на нивниот партнер, американска организација која работи на обезбедување основни права за животните. Дополнително, 5% од годишниот профит од сите Unlocked ™ производи продадени на глобално ниво се донирани за поддршка на напорите на организацијата.

Ќе продолжиме да работиме кон промени, вели Carisa Janes, затоа што веруваме декасе  гледаме очи во очи со животните. Како и ние, и тие се живи суштества кои доживуваат љубов и среќа, болка и страв. Ние ќе останеме верни на нашата мисија сè додека не бидат заштитени во индустријата за убавина и пошироко./М.М.

You may also like

Comments are closed.