Најавениот нов датум за завршувањето на делото на Antoni Gaudi повторно е доведен во прашање, поради контроверзните скали. Кога во 1882 година почнала изгрдбата на базиликата, наоколу биле само ниви. Како што градот растел, прашањето на скалите станало дискутабилно, затоа што за нивна изградба сега треба да се расчистат два градски блока и да се раселат околу илјада семејства и компании.


Новиот рок за завршување на базиликата Sagrada Familia, во 2026-тата, е 144 години по поставувањето на првиот камен. Тој датум се поклопува со стогодишнината од смртта на Antoni Gaudi, архитектот на историското здание.


Esteve Camps, претседател на организацијата задолжена за довршување на ова ремек-дело изјави дека имаат и пари и материјал за довршување на базиликата, вклучувајќи ја и 172 мерта високата централна кула, посветена на Исус. Откако таа ќе биде завршена, Sagrada Familia ќе стане највисоката зграда во Барселона.
Сепак, иако изградбата ќе биде завршена за две години, работата на скулптурите, на декоративните детали, како и на контроверзните склали кои водат кон главнит влез во базиликата се очекува да трае до 2023 година, односно уште осум години.


Го следиме планот на Gaudi во целина, вели Camps и додава: Ние сме негови наследници и неможеме да се одрекнеме од неговиот проект. Планот на базилика, предаден на градските власи на Барселона во 1915 година, е и потпишан и вклучува пристапни скали./M.M.
Фото: Printerest

You may also like

Comments are closed.