Иако во време на брза мода, народниот вез и модата звучат како навидум неспоиви теми, токму тие се инспирација на една интересна модна ревија – „Народни вез и мода“.

„Дуга“- хуманитарното здружение од Бања Лука, Босна и Херцеговина, организира модна ревија на која беа прикажани двадесетина модели на фустани, туники и кошули, изработени како спој на традиционалното народно наследство и современиот дизајн.
Колекцијата ја каракреризираат орнаменти на повеќе локални везови и рачно работена тантела, применети на природни материјали, во совермено креативно видување.
Инаку, еден од нив – „Zmijanjski vez“ е и воведен и во листата на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО.


Организаторот на ревијата е хуманитарното здружение Дуга, која рамно три децении, низ бројни проекти и промотивни активности, работи на зачувување на традицијата,културата и на старите занаети, настојувајќи традиционалните техники да ги пренесе на новите генерации./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.