Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева, која минатата година го направи својот пробив во светскиот моделинг, како последен успех го забележа ангажманот во кампањата на светскиот бренд Champion, познат по атрактивните спортски дизајни на дресови за кошаркарските и фудбалските национални тимови.
По големите успеси во кампањите за познати брендови во Париз и Милано , со овој ангажман Јанушева ја започнува новата сезона во модната индустрија.


Вонсериската убавина и ги отвори вратите на светскиот моделинг, со потпишување на договор со една од најдобрите модни агенции – NEXT MODELS.
Горди сме на нашата Татјана, бидејќи израсна во одговорен и професионален модел, велат од нејзината матична агенција, Моделс ИН Менаџмент, од Скопје.

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.