Претставениот модел е од колекцијата “HONEY” на Младеновски, промовирана пролетва ( 26.03.2021). Инспирирана е од 20 -тите  години од минатиот век, поточно од декадата “Art Deco”. Носталгичен е копнеж за минато време – време што симболизира слобода на движење, сексуална ориентација, ноќен живот и други слични карактеристики на бурните 20-ти.

Прилично сум изненаден, вели Младеновски, што познатиот дизајнер Муглер, во неговата нова колекција објавена на 28.10.2021 година, презентираше доста слично парче на моето, дизајнот на материјалот е скоро па ист, не можам да речам дека ме има ископирано тоа е не возможно, но сум само позитивно изненаден.

Моделот Искра Матиќ максимално ја долови естетиката на девојка од 20 тите со нејзиното лице и совршена фигура./М.М.

You may also like

Comments are closed.