Miu Miu

Колекцијата на Miu Miu  за пролет/лето 2022 година, преставена и на Париската модна недела, претставува ново видување на исклучително смелите линии од седумдесетите и деведесетите години од минатиот век.

Првата Miu Miu колекција на Miuccia Prada, што беше претставена пред публиката од почетокот на пандемијата, беше онаа што  врати во некои од најсмелите моменти на современата мода.

Miu Miu

Речиси секој појас во колекцијата е што е можно понизок, додека голем број здолништа беа мини колку што е тоа возможно  – би рекле максимални мини.

Се разбира дека овие мини здолништа нема да бидат за секого – само  оние на кои тоа ќе им го дозволуваат витата става, долгите нозе и – храброста!

Мини здолнишата и ниската линија на половината постојано се појавуваат во во последните сезони, а посветеноста на Miu Miu  кон стилот, секако може да се гледа како потврда дека ова е повеќе од само минлив тренд./M.M.

Miu Miu

You may also like

Comments are closed.