Кaterina Рerez

Дизајнерката за накит Кaterina Рerez е годинешен добитник на WIBA (The World Influencers and Bloggers Awards) во категоријата накит.

Светските награди за инфлуенсери и блогери, WIBA, се воспоставени во 2019 година, од страна на Светската асоцијација за инфлуенсери и блогери, претставувајќи заедница со над 200 милиони следбеници на социјалните медиуми. WIBA е првата и единствена асоцијација и настан од ваков вид, што ги обединува и слави врвните таленти на социјални медиуми и ги собира мислењата на лидерите од различни индустрии и континенти.

Кaterina Рerez

Третото издание на доделувањето на годишните награди се одржа во Кан, во престижниот хотел Martinez. Гала вечерата имаше за цел да ги препознае и претстави врвните блогери од различни индустрии – мода, убавина, патувања, вино, готвење итн. Оваа година категоријата награда накит беше додадена за прв пат.

Накитот е форма на уметност што треба да се сака и да се слави исто како и модата или убавината! Многу сум среќна, вели Кaterina Рerez, што придонесов кон популаризација на создавањето накит. Сакам да направам жените од целиот свет да се за вљубат во накитот и да го направат составен дел од нивниот живот./М.М.

You may also like

Comments are closed.