Во екот на бројните предновогодишни настани и случувања, Капитол Мол подготви поинакво празнично доживување. Според белешките за меиумите, по повод 10 години постоење, тимот на Капитол Мол подготви заедничка прослава, отворајќи ја сезоната на подарувања.
Роденденската атмосфера во трговскиот центар ќе биде збогатена со разновидна интерактивна програма за најмладите, а ќе има и големи празнични попусти и изненадувања за сите посетители.


Во текот на целиот ден ќе владее роденденскиот дух и секој ќе може да ужива во поволностите што ги нуди Капитол Мол, а вистинската забава започнува денес во 18:00 часот и ќе трае до 21:30 часот.
Во 18:00 часот е програмата за најмладите: „Роденденски меурчиња и насмевки“, како едночасовно интерактивно шоу, од 19:30 до 20:30 часот е „Роденденска забава со поточиња и Поки“, потоа и „Роденденско магионичарско шоу“, за на крајот, во 21:00 часот, да биде претставен роденденскиот „Treasure Hunt“ .
Сите активности ќе се одржуваат на вториот кат на Капитол Мол.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.