Веќе рековме – на прашањево можат да се добијат исто толку одговори колку испитаници се испрашуваат. Но, наоѓањето ефикасни производи против стареењето воопшто не е лесно. Затоа, консултациите со стручните лица – дерматолозите, можат да бидат од голема помош. Нивните одговори упатија на неколкуте докажани состојки кои владеат и на почетокот на оваа година: хијалуронска киселина, антиоксиданти, ретиноли и ниацинамид. Производите против стареење кои ги содржат спомнатите состојки им се препорачуваат и на најблиските и најмилите. Еве уште шест такви.

0,1% гел за третман на акни Адапален

ДИФЕРИН

“Ова е една од  омилените OTC анти-стареење. Се работи за познат рецепт против акни со ретиноиден ФДУ, наменет за акни. Еден од добрите несакани ефекти од употребата на ретиноиди е и намалување на ситните брчки и оштетувањата на кожата од сонцето.

Phloretin CF

SKINCEUTICALS

Науката ја докажува ефикасноста во борбата против стареењето со овој конкретен производ. Витаминот Ц е голема молекула и треба да навлезе во кожата за да биде ефикасен антиоксиданс и да се бори против знаците на стареење, како и со оштетувањето на сонцето. Овој производ го може тоа.

Squalane + Marine Algae Eye Cream

BIOSSANCE

Крем за околу очите за хидрација на кожата, но не премногу масен, туку рамномерен – совршен! Ја хидрира сувата кожа околу моите очи и квалитетно ја подобрува.Dermal Repair Cream

SENTE

Додека се насочува големо внимание на ретинолите  и пептидите, не треба да се потцени и моќта на добар хидратантен крем. Оваа крема е токму таква – хидрира поради својата единствена хијалуронска киселина, без да ја остави кожата е масна. Содржи и смирувачки антиоксиданти, како полифеноли од зелен чај кои спречуваат предвремено стареење. Единствена хидратантна крема.

Vitamin C Serum for Face

TREE OF LIFE BEAUTY

Стотици критики со пет ѕвезди за овој производ не лажат. Оваа форма на витаминот Ц делува на површината на кожата за да ги деактивира слободните радикали кои ја деградираат кожата. По аплицирањето на серумот тенот е светол, лесен и младолик.

Healthy Skin Anti Wrinkle Retinol Cream

NEUTROGENA

Нема: масла, мириси, алкохол, бои. Содржи: ретинол, витамин Е и про витамин Б5. Сите работат за да и дадат на вашата кожа сјај каков што посакувате./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.