Целосниот баланс на организмот зависи од ефективното варење на храната и го поттикнува и доброто расположение. При овој процес големите нерастворливи молекули храна се разградуваат на помали честички што понатаму се апсорбираат во организмот. Варењето на храната може да трае од 24 до 72 часа и зависи од повеќе фактори. Освен пробиотиците, како најдобар начин да се поттикне овој процес и да се постигне совршен баланс, постојат уште неколку начини како да се регулира варењето на храната.

Не мешајте намирници што се варат брзо со оние што се варат подолго време. Мешањето храна којашто брзо се вари со онаа за која е потребно повеќе време за обработка во организмот е најлошата опција доколку сакате да постигнете здраво и регулирано варење. Предизвикува преоптоварување на желудникот, што води до забавено варење.
Не внесувајте прво храна што бавно се вари. Ако прво изедете, на пример, парче говедско месо за ручек, а потоа за десерт овошна салата – овошјето кое инаку многу брзо би поминало низ стомакот, ќе чека желудникот да „заврши“ со говедското месо. За тоа време во желудникот може да дојде до ферментација на овошјето, што резултира со непријатно чувство во стомакот, чувство на „прејадување“ и проблеми со варењето.
Јадете храна богата со растителни влакна. Храната која е богата со влакна, вклучувајќи овошје, зеленчук и целoзрнеста храна, помага храната побрзо да помине низ дигестивниот систем. Истовремено го снабдуваат организмот со корисни витамини и минерали, а интегралните житарки го продолжуваат чувството на ситост.
Правилна хидратација за побрзо варење на храната. Минимум два литра вода дневно, го хидрираат телото и го регулираат варењето. Течностите помагаат храната побрзо да се движи низ телото и се важен дел од целокупниот дигестивен процес.
Внесување пробиотици за нормално и регулирано варење. Пробиотиците се најдобри пријатели на здравата цревна флора, за баланс не организмот но и воопшто, за функционирањето на дигестивниот систем.
Функционалниот јогурт Баланс+ со својот состав од две пробиотски култури и пребиотикот олигофруктоза, го снабдува организмот со овие хранливи состојки. Ефектите се докажани со клиничка студија која вели дека редовното земање во период од 10 дена го подобрува варењето на храната на најоптимален начин. За постигнување на овие резултати се препорачува внесување половина литар Баланс+ секој ден.

Со нови навики во секојдневната исхрана лесно може да се регулира и времетраењето на варењето на храната и правилното функционирање на дигестивниот систем./М.М.

You may also like

Comments are closed.