Skystation е инсталација и скулптура во вид на летечка чинија, но и малку невообичаена клупа, на која 12 луѓе можат да се сместат и да размислуваат или разговатаат . Уметноста и дизајнот оживуваат преку интеракции со луѓето, вели британскиот уметник Peter Newman при поставувањето на своето дело во лондонскиот финансиски кварт . Идејата е и да се охрабрат луѓето, да седнат и да погледаат кон небото.

Контурите се дизајнирани да овозможат удобна полу-лежечка положба, за да поттикнат размислувања за небото и архитектурата што го врамува, посочува Peter Newman за Дезен.

Skystation може да собере до 12 луѓе. Алуминиумско-бронзената клупа, која е најнова во серијата што се поставени на различни локации во Велика Британија, наликува на НЛО.
Иако формата на НЛО е добиена во текот на создавањето, уметникот верува дека се усогласува со целите на инсталацијата.
Според Peter Newman аеродинамичната естетика има своја убавина, а и со изгледот наликува на транспортно средство./М.М.

You may also like

Comments are closed.