Bella Hadid како конечно да го прекина молкот за врската на нејзината сестра Gigi Hadid и Leonardo DiCaprio. Таа нема добро мислење за врската на нејзината сестра и актерот, истакнувајќи дека таа е предобра за него.

Извори на Page Six потврдуваат дека Leonardo DiCaprio и моделот Gigi Hadid се во врска.
Ѕвездата на „Титаник“, за кој е познато дека излегува со девојки само до 25-годишна возраст, е во врска со жена која има 27 години.
Page Six доби потврда од повеќе извори дека 47-годишниот DiCaprio го прекршил законот на Леонардо (Leonardo’s Law) со врската со моделот Gigi Hadid.
Додека беше зафатена на пистата за Vogue World и присуствуваше на модните медиа награди на The Daily, таа најде време за славниот актер и филантроп.

Парот DiGi можеби! — беше забележан во држба на забавата на другарите на DiCaprio, Richie Akiva и Darren Dzienciol, во една мансарда во Сохо.
Bella Hadid нема добро мислење за врската на незината сестра и актерот, истакнувајќи дека Gigi е предобра за него. Bella не верува и дека тие би се разбирале.

Инсајдерите за Heat Magazine потврдиле дкеа Gigi ќе продолжи да се гледа со Leonardo DiCaprio и доколку семејството тоа не го одобрува./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.