Секоја пастата за заби има за цел да ја одржува оралната хигиена, секако заедно со четката за заби. Но, во случајот на пастите за заби на природен зеолит Zeo-Medic, основната функција е да се заштити здравјето. Природните пасти за заби Zeo-Medic, покрај вообичаените состојки, содржат  и клинички тестиран природен минерал зеолит, кој е основа на сите пасти од линијата Зео-Медик. Според стоматолозите,  Зео-Медик  е корисен за здравјето на устата и на забите, како и за целиот организам. Зеолитот е силен антиоксиданс, поврзува токсини и метали (пломби од амалгами), помага во обновување на клетките, ја регулира pH вредноста на усната шуплина и со тоа делува смирувачки на воспалителните процеси во непцата и ги забавува пародонталните заболувања. Сите други есенцијални масла се антисептици, делуваат на профилакса на забен камен, дезинфицираат и обезбедуваат свеж здив.

Зеолитот првенствено овозможува позитивни ефекти во заштитата на оралната мукоза од штетни надворешни влијанија, но и од негативните ефекти на бактериите чие природно живеалиште е во усната шуплина. Зеолитните микрогранули имаат и абразивни својства благодарение на што се постигнува продолжено чувство на чистота на забите. Зеолитот ја детоксифицира усната шуплина, но исто така запира крварење и ги зајакнува непцата. Содржината на ксилитол (природен засладувач) во составот на пастата за заби Zeo-Medic е клинички докажана превенција од кариес. Благодарение на овој природен засладувач, пастите Zeo-Medic можат да се користат и од дијабетичари, бидејќи имаат низок гликемиски индекс. /М.М.

You may also like

Comments are closed.