Во Италија, со Pitti Uomo и Машката модна недела во Милано (Milano fashion week), полека се загреваат повеќемесечните модни настани кадешто годинава ќе ги видиме новите колекции на најголемите светски модни куќи. По Милано, модната елита се сели на Недела на машката мода во Париз, а потоа и Неделата на високата мода, со новите колекции за есен и зима 2024/2025 година. По нив следат модните недели во Стокхолм и Копенхаген, а потоа уште една турнеја низ модните метрополи: Њујорк, Лондон, Милано и повторно Париз.

Во Милано, на Pitti Uomo, досега било прилично возбудливо, па нема причина така да не биде и на овој настан, што од денес до 16 јануари ќе се одржува на повеќе локации низ граадот на модата. Шеесетина модни брендови своите колекции ќе ги претстават на ревии, а пет во дигитална форма.
Milano Fashion Week започна денес на пладне, со ревија на модната куќа Gucci. Најновата колекција ја карактеризираат класични линии и врвна изработка во која доминираат и по впечатокот се издвојуваат долгите палта. Сите модели од оваа колекција можат да се видат на следниот линк: https://milanofashionweek.cameramoda.it/en/brand/12028
Распоредот на настаните е на следниот линк: https://milanofashionweek.cameramoda.it/en/calendar

You may also like

Comments are closed.