Елена Лука, како ексклузивен гостин, со атрактивно модно шоу, го отвори третото издание на Skopje Fashion Festival. Модната куќа прикажа своевиден „моден коктел” од уникатни дизајнерски парчиња, од повеќе препознатливи колекции и линии што оставиле силен моден печат. Според зоровите на Елена Пандева, дамата која го создаде брендот, направена е симболична компилација со препознатливи и авангардни модни парчиња од повеќе линии, со цел да се прикажат модните предлози наменети за моќната, успешна, смела жена која самоуверено чекори низ сите предизвици во животот.
На годиншното, трето по ред издание на Skopje Fashion Festival, настанот што до 30 септември ќе ја слави модата, настапуваат бројни модни куќи и дизајнери, а посетителите ги очекуваат и богат музички репертоар и бројни изненадувања.
На големата сцена со деби колекција се појави и новиот бренд Сербез, креиран од тим инспириран од жени кои твореле и го менувале светот и сербезлукот. Сербез е бренд кадешто едноставноста се среќава со смелоста.
По подолга пауза, пред македонската јавност одново ќе се претстави и Илка Брада од Косово, чии креации се карактеризираат со чисти линии, елегантни силуети и употреба на ткаенини, сложени украси. Колекциите ѝ се инспирирани од нејзината љубов кон природата, уметноста и културното наследство.
Специјални музички гости во ноќниот клуб PURE се Андреј и Панчо, односно македонската група ДНК и двајца диџеи: DJ Mario Trumpet, во паузите помеѓу ревиите, и DJ Ficho – веднаш по нивното завршување. Официјален партнер на третата сезона на Скопски моден фестивал е Државна Лотарија. Настанот е дел од програмската селекција на Бела Ноќ во организација на градот Скопје.

 

You may also like

Comments are closed.