За десетина дена ќе почне поставувањето на околу 1500 монтажни павилјони на исто толку плоштади ширум Италија за вакцинација против Ковид-19.

Архитектот Стефано Боери кој ги дизајнираше павилјоните, со монтажни материјали од дрво и ткаенина, ги нарече Ковид-19 вакцинациски станици.

Овие станици ќе дејствуваат и како места за дистрибуција на 3,4 милиони дози вакцини Pfizer, што Италија со нетрпение ги очекува, откако претрпе најголема смртност од коронавирус годинава. Дизајнот на павиљоните, изгледот и боите се дел од големата медиумска кампања за создавање свесност за значењето и потребата од вакцинирање на населението.

Со цел да се олесни брзото и безбедно вакцинирање, направена е кружната основа, а носечките елементи се обложени со текстил отпорен на вода, за кој архитектот тврди дека е целосно рециклиран.

На ентериерот, просторите се одвојуваат преку систем на флексибилни текстилни ѕидови, кои се слично монтажни и дизајнирани за да нудат транспарентност при апсорбирање на звукот. /М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.