Изложбата „Љубовта е Љубов: Радоста на венчавката за сите од Жан-Пол Готје“, во Музејот на современа уметност во Белград, ќе биде отворена денес, (сабота) 28 ноември. Во согласност со епидемиолошките мерки, свеченото отворање ќе се одржи на Интернет, а ќе може да се следи од 13 часот на ЈуТјуб каналот и на Фејсбук страницата на Музејот на современа уметност.
Изложбата на Жан Пол Готје, со вкупно 38 венчаници од високата мода создадени во периодот од 1990 до 2000 година, е финале на изложбата „Модниот свет на Жан Пол Готје: од тротоар до модна писта“ што привлече повеќе од два милиона посетители во 12 градови низ светот, соборувајќи рекорди и за присуство на модни ревии. Посебна ексклузивност на белградската изложбата е светската премиера на осум венчаници од Готје кои порано не биле дел од изложбата. /M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.