ВестиКултура на живеење

Денес е ден за поставување мартинки

Секој први март, според традицијата на добар дел од балканските простори се прави и врзува мартинка. Тоа е најчесто висулец од засукан бел и црвен конец, најчестo волнен.

Боите имаат строго определено значење: црвената значи крв и живот, белата – чистота и среќа. Традиција е, на првиот ден од март, мартинките да се врзуваат на рацете на децата, за здравје, среќа и против уроци.

Овој обичај се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Бугарија и Македонија, Србија и Грциjа ги носат сите./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.