Kim Jones, уметничкиот директор на Fendi, во најновата Couture колекција ја елаборира темата за структурата и декорот, во која тие стануваат неделиви. Инспиран со футуризмот на Karl Lagerfeld во Fendi, Kim Jones го истражува хуманизмот во срцето на тој футуризам: Постоји тело, силуета во силуета, личност и Сouture изработка, истакнува Jones.


Продолжувајќи го дијалогот помеѓу поезијата и стварноста во создавањето, Kim Jones го повика композиторот Max Richter да ја развие темата за најновата Couture колекција, за пролет/лето 2024 година. Елаборирајќи ги прецизноста и емоциите, дизајнерот како да останува поблиску до прагматизмот, за да направи беспрекорен спој на врвните вештини на мајсторите на модната куќа.


Ревијата започнува и завршува со силуета во облик на „Scatola“ („кутија“) воведувајќи сечење со геометриски шаблони. Имено, од почетниот изглед во форма на црн фустан без прерамки, па до крајот, на истото ниво на сечење, со прецизен геометриски модел, откриени се со леснотија нови волумени и структура во ткаенините.


Освен тоа, оваа колекција не се оденсува само на облеката: проширувањето од минатата сезона на „couture ensemble“ овде влегува во доменот на скапоцени практични предмети, односно скапоцена практичност.


Така, кај чантите, поимот скапоцена практичност подразбира високо-стручна изработка, со скапоцени материјали. Чантата Fendi Gems Baguette имаше свое деби на пистата, додека Mini Baguette чантата доби детали обложени со дијаманти./М.М.

You may also like

Comments are closed.