По скандалозните BDSM кампањи, многумина од критичарите укажуваат на „мошне вознемирувачкиот„ модел во Balenciaga!- Balenciaga допрва треба да одговори и за вклучувањето во рекламна кампања на книгата на Michael Borremans, белгиски сликар чие дело е познато дека вклучува кастрирани мали деца, изјавуваат од DailyMail.

Откако срамната, скандалозна BDSM кампања на Balenciaga под притисок на јавноста е повлечена од интернет, критичарите со „орловски„ очи почнаа внимателно да ги испитуваат останатите кампањи на Balenciaga, пишува DailyMail.
Така е и откриено дека во заднината на една од сликите со чанти, од кампањата за пролет ’23, се наоѓа отпечаток од пресудата на Врховниот суд, за тоа дали интернет детската порнографија може законски да се смета за слобода на говорот или не.
Balenciaga побрза да ја обвини North Six, продукциска компанија која помогна да се организира снимањето, за вклучувањето на тие документи. Тие тврдеа дека ги довериле сите реквизити од фотосесијата на North Six и дека нивниот тим бил уверен дека сè што е вклучено е лажно.

Освен тоа, Balenciaga допрва треба да одговори и за вклучувањето на книгата на Michael Borremans, во позадина на две од сликите од кампањата за пролет ’23 година.

Од DailyMail.com наведуваат дека на сликата од (подоцна повечената) кампања на Balenciaga за пролет ’23, Isabelle Huppert седи пред куп книги, вклучително и една што го слави белгискиот сликар чие дело е познато дека вклучува кастрирани мали деца.
Имано, Borremans е белгиски сликар чије дело вклучува проблематична серија од 2017 година, наречена Оган од сонцето (Fire From The Sun). На него се прикажани голи мали деца – некои од нив кастрирани – играат во група, а понекогаш и сами.

Адвокатите на брендот допрва треба да одговорат на прашањата на DailyMail.com за тоа како книгата завршила на фотосесијата.

За потсетување: Скандалот избувна кон средината на минатиот месец кога Balenciaga ја објави својата празнична рекламна кампања, во која беа прикажани деца кои позираат со чанти- плишани мечиња,во BDSM опрема. На фотосесијата, децата сесликани опкружени со празни чаши за вино и шампањ. Очигледните теми за возрасни, веднаш го наметнуваат прашањето зошто биле користени деца./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.