За преставување на новата празнична рекламна кампања Versace го одбра театарот.

Во модниот филм, создаден на темата на кампањата, настапува Lily McMenamy, ќерка на Kristen McMenamy, чиј имиџ беше синоним за Versace во 1990-тите. Lily е главната протагонистка на филмот, во кој таа трча во театарот, во развиорен фустан, наидувајќи на убави (и на моменти бизарни) ликови, облечени во Versace изгледи, вклучувајќи ги моделите Kit Butler, Sora Choi и Mila van Eeten, како и на американскиот камерен изведувач, Gottmik.

Со кампањата Versace се враќа кон своите корени, односно кон книгите на легендарниот Gianni Versace за театарот – „Versace Teatro“, објавени во 1987 и во 1992 година. Неговото воодушевување со театарот и сето што го опкружува е опишано токму во овие книги.


Сликите од фотографот Carlijin Jacobs, која работи меѓу световите на модата и на пошироките културни уметности, дополнително го прикажуваат спојот на театарскиот раскош на сезонската колекција со непосредност со висок сјај.
Трикотажата со Medusa е меѓу изборот на дизајни подготвени за подароци, вклучувајќи приспособени делови и стилови во мотивот на брендот Versace Allover, завршен во кристал, за да донесе дополнителен сјај на празничната сезона. Чантите Greca Goddess и патиките Odissea се исто толку драматични, колку што се хармонични во дизајнот и бојата.. Мажите можат да изберат префинети палта и костуми, удобни дуксери, класични мокасини, модерни кожени чанти, тренди тексас и свилени кошули, со препознатливиот Barocco print./М.М.


https://www.versace.com/international/en/world-of-versace/stories/advertising-campaigns/holiday-campaign-2022.html

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.