Минатата пролет модните дизајнери предложија линијата на џинс панталоните да потсетува на онаа од пред половина век, па во „ѕвонарки„ се шетаа сите што го следат модниот тренд и тоа не само пролетта, туку во текот на целата година.

Сега работите се малку посложени – за наредната пролет се предлагаат таканаречените „балон„ фармерки, за кои се потребни одредени физички предиспозиции.

На „балон„ фармерките свој печат веке стави и популарната Jennifer Lopez.

Никој со сигурност неможе да каже дека овие фармерки секому добро ќе му стојат, како што тоа и појде од рака на популарната “J.Lo”.

Ногавиците на овие панталони се многу широки, но одоздола се стеснети со еден или повеќе споеви, па оттука и ефектот на „надувуваност –  како балон. Половината е по правило висока, моделите имаат коси џебови, а должината е околу глуждовите. Најефективно е да ги комбинирате со маици или кошули навлечени во ремен./М.М.

You may also like

Comments are closed.