Новиот филм за брачниот пар Gucci раскажува вистинита шокантна приказна што ја инспирирала новинарката

Славна модна династија, шокантно убиство и… Lady Gaga и Adam Driver во некои неверојатни ситуации од крајот на осумдесеттите години. Тоа е рамката за House of Gucci.

Lady Gagа е пеачка со италијанско потекло, па се смета дека нејзината улога ќе биде веродостоен приказ на сопругата обвинета за убиство.

Филмот за убиство, желба за власт, за контрола, приказна на гламурот на богатото семејство, работен според романот Филм за убиство, алчност, на Sarа Gay Forden, премиерно ќе биде прикажан на 24. Ноември, а во него се и Al Pacino, Jared Leto и Jeremy Irons.

Филмот го следи убиството на наследникот на модната куќа Gucci, Mauriziо Gucci, за кое се верува дека е нарачано од неговата сопруга Patrizia Reggiani. Со оглед на тоа дека филмот е инспириран од вистински настани поврзани со една од најпознатите светски модни куќи, се разбира дека целиот дел со облеката во филмот е направен совршено, до најмали детали.

За внукот на основачот на модната куќа Patrizia се омажила во1972-та, a набргу станала и позната по екстравагантниот живот кој на пример подразбирал осум илјади долари месечно само за орхиеди. Позната е и нејзината изјава според која повеќе би сакала да плаче во Rolls-Royceu, отколку да е среќна на велосипед./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.