Непостои ништо слично на фустаните на Giambattisa Valli – на претставеното прекрасно раскошно бегство од стварноста, понудено во најновата колекција, Hote Cuture 24. Во овој збунувачки момент, вели Valli, ми се допаѓа идејата да го доведам гледачот до задржување на опуштеноста и на мирот.
Рецептот на Giambattista Valli за релаксација преку визуелна терапија е испонет со шеќерно розеви, пастелни портокалови и меки зелени до детали иградени изгледи, инспирирани од сончевите боји на Беверли Хилс како почетна точка, посочува дизајнерот. Запрашан за почетната точка на двата неверојатни сребрени фустани со јазли тој одговори: „Ох, тие се само обвиткани да изгледаат како сирени који излегле од вода. Лесно, како парео!“

Giambattisa Valli создава лесно, како и секогаш, но и со намера неговите воздушести тоалети и огромни оперски силуети да се видат на црвените килими ширум светот. Тие се создадени за сезоната на награди, за првиот понеделник во мај, настани и свадби.

Огромните тоалети на Giambattista Valli, можат да се носат на двата начина: како делумно мини здолниште, или, макси балски фустан, со многу фалти и обвивки. Опциите за гламурозни доаѓања и излегувања на црвените килими се речиси неограничени. Немора да има ограничувања со возраста. Изобилството на прекрасни може да направат една зрела жена да се чувствува како кралица. Но, тоа е Giambattista Valli: секогаш размислува сите да бидат среќни./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.