Во текот на изминатава деценија пластичната хирургијата во Кина бележи голем скок, бидејќи е се поголем притисок за усогласување со строгите кинески стандарди за убавина. Идеалите за убавина на младата кинескиња се разликуваат од оние на Западот, промовирајќи „бела, тенка и тинејџерска“ естетика. Пластичната хирургија од табу тема во Кина сега е претворена во јавна, актуелна тема меѓу помладите генерации.

До 2019 година, кинескиот пазар за пластична хирургија растеше со просечна годишна стапка од 30 проценти во текот на изминатите четири години – далеку над глобалната стапка од 8,2 проценти. Минатата година се отворени 5.150 нови медицински естетски институции во земјата и покрај пандемијата, со што кинескиот пазар на хирургија за убавина надмина 30,5 милијарди долари, така што сега сочинува 17 проценти од глобалниот удел. Според извештајот за трендови на увид на пазарот за медицинска убавина, објавен во Jing Daily, до 2023 година пазарот треба да надмине 46 милијарди долари.

Наместо некогашната традиционална аверзија кон модификација на телото, создаден е термин „Убавото е праведно“,  кој опишува како општеството го поистоветува добриот изглед со правдата, термин што денес се користи во кинеските медиуми.

Кинеската концепција за убавина драстично се разликува од западната, а идеалот е сублимиран во „бела, слаба и со тинејџерски изглед!

Спротивно на естетиката на Kim Kardashian, кинескиот стандард за убавина бара жените да имаат порцеланска бела кожа, витко тело и младешко лице. Angelababy, славна актерка која го постави стандардот за кинеското движење „бело, слабо, со тинејџерски изглед“, инспирираше безброј жени да го копираат нејзиното „веб-славно лице“, кое се состои од бела росна кожа, мало лице во облик на V, големи тркалезни очи, тесен нос и тинејџерска аура на невина убавина.

На пример, на апликацијата So-Young за хирургија за убавина, корисниците можат да користат функција наречена Magic Mirror за да го оценат резултатот на лицето врз основа на мејнстрим стандардите за убавина и да добијат детална листа на задачи за да го подобрат својот резултат. Според апликацијата, лицето кое добива најмногу барања за копирање од кинеските жени е Go Yoon Jung, К-поп sвездата, која совршено се држи до претпочитаниот нежен, женски стандард.

Поради растечкиот животен стандард, на кинеските потрошувачи на убавина им е потребен наратив прилагоден на нивните специфични барања и стандарди на убавина. Се очекува тој тренд да продолжи да се зголемува./M.M.

You may also like

Comments are closed.