Античките Римјани знаеле дека аспарагусот ја поттикнува сексуалната желба, па затоа го мешале сокот од овој зеленчук, во разни љубовни напивки. Иако не е многу популарен во нашата земја, тој се одгледува и се користи за разни намени (како храна, лек, или украс на букет) веќе неколку илјади години. Сигурно сте ги виделе зелените гранчиња во украсните букети: тоа е аспарагус.

Освен што е природен афродизијак , овој зеленчук, со своите бројни лековити својства, навистина може да биде добредојдена храна во нашата чинија. Дивиот аспарагус е и природен диуретик, го отстранува вишокот вода од телото, ја чисти крвта, го зајакнува имунитетот. Аспарагусот содржи калиум, цинк, железо, магнезиум, фосфор, калциум, витамини А, Б1, Б2, Б9, Ц, и Е.

  • Аспарагинот го намалува крвниот притисок и го зајакнува срцето.
  • Кумарините ја подобруваат состојбата на крвните садови и коагулацијата на крвта.
  • Сапонините го подобруваат лачењето на жлездите, ја отстрануваат слузта од бронхиите.
  • Каротените се превенција од карцином.
  • Фолната киселина ја прави кожата убава, спречува опаѓање и појава на седа коса.
  • Сокот од аспарагус помага да се елиминира едемот и брадавиците, спречува формирање на целулит.

Така, мајката природа навистина знае да биде наш сојузник и пријател. На пролет, кога организмите честопати се малку ослабени и уморни, ни нуди низа зелени растенија кои можат да ни помогнат да ја поправиме состојбата. Аспарагусот е секако еден од нив.

Зелениот аспарагус може да се најде во текот на целата година, белиот од март до јуни, додека виолетовиот е редок и со специфичен, горчлив вкус. Во процесот на готвење ја менува бојата во зелена.

Достапен е во продавниците, лесно се приготвува, а на интернетот можат да се најдат бројни рецепти за негова подготовка: од јадења за идните мајки, до разни менија со дејство на афродизијак./M.M.

You may also like

Comments are closed.