На почетокот на ковид пандемијата, пред и да биде прогласена од СЗО,  моделот Наоми Кембел  објави слика со униформа за патување: комбинезон, ракавици за еднократна употреба, хируршка маска и очила. Така таа стана еден од симболите на годината  2020, со облека која може да послужи како меур за заштита од свет загаден со микроби, бактерии и вируси.

Набргу потоа, во мај лани, италијанската групација Албини ја претстави својата нова ткаенина Вироформула која „штити од вируси и бактерии“. Дизел пак во соопштението за печатот објави дека соработува со шведската фирма „Полигиен“ за примена на антивирусен третман на тексас облека за пролет / лето 2021 година, за „оневозможување на над 99 проценти од вирусната активност, во рок од два часа, по контакт со патогени и ткаенина“, со „инхибиција на вирусот да се залепи на текстилните влакна“.

 

BioRomper, нова старт-ап фирма, промовира антимикробен комбинезон, дизајниран пред пет месеци, со цел да ја елиминира контаминацијата за време на патување. Комбинезонот е создаден како одговор на фотографиите на патници во неприфатливи и неудобни заштитни облеки. Здружени со холандскиот производител на антимикробна заштита, создадоа ткаенина со сребрени јони, во модел на комбинезон со кој за 99 проценти е намалено присуството на два вообичаени патогена. Потребни беа пет месеци за да се реализира BioRomper колекцијата антибактериски комбинезони и осум недели да бидат распродадени.

За време на пандемијата, за да се пополни она што недостасуваше на пазарот, создадовме нова антибактериолошка категорија на облека, вели Еван Бојд, коосновач на фирмата. BioRomper не е „лек за сите“ за болести ниту, пак, треба да го заземе местото на упатствата на СЗО, како носење маски, миење раце и социјално дистанцирање.

Антимикробните комбинезони не се трајни: ја губат заштитната функција со околу 30 перења. Дали овие брендови промовирајќи облека за борба против вируси, изнесуваат и неаргументирани тврдења, и дали ги прекршуваат постојните регулативи регулативите за ЕПА, времето ќе покаже, а на потрошувачите е да бидат претпазливи.


Всушност, вметнувањето на сребрени јони во технологијата на изработка на ткаенини не е целосно ново: Атлетските брендови „Патагонија“ и „Лулумон“ ги користеа со цел да се елиминираат бактериите кои предизвикуваат миризба на потта. Пред пандемијата, Пангаја третираше ткаенини со масло од мента, кое има природни антибактериски својства, за да ја задржи облекита подолго свежа. Надежта беше потрошувачите да перат помалку за така да заштедуваат вода и енергија, а и да ги намалат испуштањата на хемикалии во водите. /M.M.

 

 

You may also like

Comments are closed.