Скопје, 08 декември 2020 година – Утре во 11:00 часот, во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе го реализира јубилејното 10то издание „ТОП 100“ за промоција на најуспешните 100 компании.

Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата. Наградите ќе бидат врачени од страна на претставници на Комората, како и од претставници од Владата на Северна Македонија.

Со цел почитување на сите мерки и препораки, за заштита од корона вирусот, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, хибридно ќе го презентира „ТОП 100“ каталогот, односно преку преносот во живо на три посебни YouTube канали, со што од страна на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е овозможен пренос на настанот на македонски, албански и англиски јазик. Со оглед на тоа дeка не можете да нè почестите со вашето физичко присуство, ве покануваме да нè следите со приклучување на овој пренос.

На следниот линк можете да ја следите манифестацијата на албански јазик:

https://www.youtube.com/watch?v=qLI0ykxw8mw&ab_channel=OdaEkonomikeeMaqedonis%C3%ABVeri-Per%C3%Abndimore

На следниот линк можете да ја следите манифестацијата на македонски јазик:

 

 

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.