Супер-моделите од 90-те беа во центарот на вниманието на првите модни недели годинава. По се изгледа дека претставата и свеста на модниот свет се проширува кон нови хоризонти. Супермоделите, како што се нарекувагрупата модели од 90-те, се во две групи: Linda Evangelista, Tatjana Patitz и Naomi Campbell, придружувани од Cindy Crawford, Christy Turlington и Claudia Schiffer.

Легендарните модели во своето време беа попознати и од брендовите што ги носеа. Иако имаа успешни меѓународни кариери, се повлекоа од модните писти поради различни причини. Набргу се смени и начинот на преставувањето на колекциите, така што супер-моделите и оние што требаше генерациски да ги заменат, влегоа во масата на модели кои сега ги претставуваат колекциите.

Така поминаа речиси три децении за сега, повторно, некои од овие супермодели да забележат впечатливи појавувања на модната писта. Интересно е што нивните  влијанија продолжуваат и врз новите генерации модели на светот.

Супер-моделот Cindy Crawford е на насловната на шеесетото јубилејно издание на Vogue Arabia, за март 2023 годинава. По тој повод таа изјави дека не сака да биде дел од поракаташто на жените на одредена возраст им вели дека е време за повлекување: Како, зошто? Не верувам во сезона на невидливостм вели Crawford.

Beverly Johnson, првиот црн модел што се појави на насловната на Vogue, во 1974 година и на Elle, во 1975 година, се смета за една од највлијателните модни личности на 20 век! На модната писта на ревијата на Sergio Hudson, на New York Fashion Week, во февруари минатата година. Присуство што беше пречекако со воодушевување во јавноста.

Кога по 15 годишна пауза Linda Evangelista се појави на јубилејот – 25 години  Fendi, кадешто водители беа Kim Jones, Marc Jacob и Silvia Venturini, таа доби незаборавни овации од публиката. Многу емотивен момент за моделот,по хируршката операција која практично ја изобличи.

Naomi Campbell е веќе неколку години повторно на модните писти. Црниот пантер сеуште, ја плени и маѓепсува публиката. Самото нејзиното присуство ја раздвижува толпата и ја претвора ревијата во незаборавен момент. Не помалку за јавноста се интересни и деталите од приватниот живот, во кој неодамна се реализира и како мајка.

Легендарните модели како одново да стануваат миленици на јавноста. За време париската модна недела, некогашните супер-модели беа присутни на голем број модни ревии. Од Marine Serre до Ami и Kid Super, модата како да е без години./М.М.

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.