Душица Петит е Македонка која живее и работи како моден дизајнер во Париз, каде што го гради својот моден бренд SHALEVA.

Последната колекција ја промовираше во кабарето Roxy, на Елисејските полиња. Имено, во ова време на криза што ги носи ситуацијата со коронавирусот, Душица направи модна ревија и организира повеќе настани за својот бренд SHALEVA.

За своите почетоци вели дека е пасионирана од уметноста од раното детство, а дека модата и креирањето се нејзин начин за изразување на мислите и емоциите, едноставно  нејзин начин на живот. Со дипломата на ликовната академија во Бордо, во 2013 година и дипломата на висока мода во Едмонд се вработува како дизајнер за текстил во модната куќа Chanel.

М.М. Како би го опишале вашиот стил?

Би рекла дека мојот стил е своевидна мешавина од креации на висока мода кога е во прашање модниот стил за жените и урбан стил за мажите, а сето го изразив преку мојата модна линија наречена Шалева. Така, како суштествено урбана модна линија Шалева е и начин на живот.

М.М. Која е водечката инспирација во создавањето, од каде името Шалева?

Мислам дека инспирацијата може да се најде насекаде, во секојдневието на пример. Еве, во последно време, на пример, ме инспирира јапонската градина, а и воопшто – слободата, моите патувања… сето тоа е сосема доволно да се биде креативен.

Инаку, името на мојата марка е SHALEVA, е името на семејството на мојот татко.

М.М. Што би издвоиле како највпечатлив успех во создавањето?

Многу се гордеам со мојата кампања на Fashion TV, најпознат моден канал во светот.

М.М. Дали може да се живее од професијата дизајнер и колку луѓето знаат и купуваат дизајнерски парчиња?

Секако дека можеме да живееме од нашата професија. Живеам во Париз, модната престолнина, а тоа подразбира и дека многу луѓе купуваат дизајнерска облека. Луѓето го препознаваат, го чуствуваат квалитетот и она Made in Paris – создадено во Париз. / M.M.

MEN HOME ALONE – Shaleva, модел: Kenzo Mendeza, фото: Artur Rocha

MEN HOME ALONE – Shaleva, модел: Kenzo Mendeza, фото: Artur Rocha

MEN HOME ALONE – Shaleva, модел: Kenzo Mendeza, фото: Artur Rocha

MEN HOME ALONE – Shaleva, модел: Kenzo Mendeza, фото: Artur Rocha

You may also like

Comments are closed.