Модата е уметност, a дизајнот знае за етика • по 26 пат FWSK

Fashion Weekend Skopje, со оправдано уверување дека модата е уметност, повеќе од две децении го организира Модниот викенд, кој оваа година ќе се случува од деветти до 11 март, по 26-ти пат, на нова локација и со нов концепт.

Мотото на 26-то издание на Fashion Weekend Skopje (FWSK)е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата ќе биде East Gate Mall, а календарски настанот се спојува со Деновите на италијанскиот дизајн, при што ова издание е во тесна соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.

Модниот викенд годинава прави спој на возбудата и гламурот кои ќе го донесат италијанските славни брендови  во Скопје со ревиите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO…

Но, и на домашните дизајнерски сили на модната сцена:

“Hope this feels familiar” е соработка помеѓу модната дизајнерка Теодора Митровска и визуелниот уметник Душан Стефановски, потоа модна ревија на студентите на Интернационалниот институт за мода Изет Цури, а ќе биде претставена и колекцијата “Goddess” на EMIRA YMERI.Свое претставување ќе има и YAMUNA SHOW со уникатна колекција на марами – powered by IQOS.

Најавен е и цел блок посветен на THE BRIDAL FASHION,со колекции на „Ал Апарел” на Наташа Карчева, SIGMA Jewelry, VLORA & KALTRINA и FA-BU на Јагода Пачемска.

Годинава се планирани и панел дискусии:

“SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT” на кој ќе говорат истакнати дизајнери, екпсерти и истражувачи, а модератор ќе биде Гордана Вренцовска, универзитетска професорка, уметник и дизајнер.

Ќе има презентација на ‚‚3D и модна индустрија” – инфо ден на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и Македонското модно здружение со дигитална модна ревија на Искра Џокиќ Кецап.

Изминатите години на FWSK се реализирани 303 модни ревиии, кои ги следеле нас 100.000 гледачи и на кои се претставиле околу 50 самостојни дизајнери и 42 модни бренда. Организирани се 27 општествено одговорни настани, моделите ги носеле над 3.000 манекени, додека во организацијата биле вклучени над 500 луѓе и сѐ се одржувало на 50 типични и нетипини локации./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.